Гоце Делчев е Македонец кој се борел и живеел за Македонија и тоа не може да биде предмет на компромис. Провокациите како денешната во Битола се последица на политиките на искривената кичма на Зоран Заев и неговото хаотично работење, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Наместо политика на мостови имаме политика на поделби што покажува дека политиките на Заев доживуваат фијаско.
Гледаме дека разликите не се намалуваат туку се продлабочуваат за што виновен е Зоран Заев кој потпиша штетни договори со кои го раскрчми македонскиот идентитет, јазик, историја култура.
Договорите кои Зоран Заев ги потпиша за да си ги спаси сопствените криминали не донесоа подобар живот и иднина за македонските граѓани, туку донесоа нови поголеми проблеми од кои штета трпат граѓаните и Република Македонија.
Неразбирливо и недопусливо е отсуството на реакција на државните институции на честите провокации. Немањето на реакција од страна на институциите само го докажува фактот дека СДСМ свесно се откажа од Гоце Делчев, македонскиот јазик, но и од македонското малцинство во Бугарија.
За македонските граѓани и за ВМРО-ДПМНЕ никогаш нема да биде прифатливо негирање на посебноста на Македонија, македонскиот народ и македонскиот јазик. Исто така никогаш нема да биде прифатливо откажување од ликот и делото на Гоце Делчев кој живеел и се борел со единствена идеја, а тоа е слободна и независна Македонија.
Народот, јазикот и ликот и делото на Гоце Делчев секогаш биле и ќе останат да бидат македонски.
Погубните политики на СДСМ во изминативе три години нанесоа огромна штета врз македонскиот идентитет, култура и историја. Политиките на СДСМ донесоа погазено достоинство, порази и понижувања. После 12 април следува обновата на Македонија и одговорност за сите погубни политики кои СДСМ и Зоран Заев ги нанесоа врз Македонија и македонскиот народ. Зоран Заев никогаш повеќе“ додава партијата.