– Причината за неуспешниот трансфер на Единсон Кавани во Атлетико Мадрид се неговите агенти, пренесува шпанскиот весник „АС”. Ѕвездата на Пари Сен Жермен се сметаше за сигурен трансфер за „јорганџиите”, но на крајот Уругваецот остана на „Парк де Пренс”.
Двата клуба практично се договорија за цена од 10 милиони евра, но агентите на Кавана побарале провизија еднаква на цената на трансферот. Ова значи дека Атлетико требаше да плати двојно поголема цена – 20 милиони евра, што не беше по вкус на управата на Мадрид.
Самиот Кавани сакаше да ја промени клупската припадност и да заигра на „Ванда Метрополитано”. Сепак, тој ќе остане во Париз барем до летото кога му истекува договорот со ПСЖ.
Според „АС”, Атлетико нема да направи повторни обиди за преговори со агентите на Уругваецот.