Поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски на 28.01.2020г заработи кривична пријава за ,,Злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 од КЗ на РСМ.
Но оваа кривична пријава не е единствена против ова лице.
Поповски, минатата година, Основниот суд Скопје 1 Скопје го прогласи за ВИНОВЕН, по обвинителен предлог на Основното јавно обвинителство Скопје.
Зоран Поповски, од позиција директор на АХВ на 17.02.20017г му наложил на службениот возач Адис Зубер, со службено возило на агенцијата да го превезе братот на неговата сопруга (кој не бил вработен во таа институција), до аеродромот во Белград и на 26.02.2017г да го врати назад на сметка на Агенцијата за храна и ветеринарство.
Откако, Зубер со службено возило го превезел во двата правци шурата на директорот, Поповски на одговорните лица во благајната на агенцијата им наложил да му ги надоместат трошоците за гориво и патарини од сметката на АХВ.
Пресудата погледнете ја на следниот линк: iporal.mk