Реал Мадрид го доби градското дерби против Атлетико со минимални 1-0 на емотивната средба која се одигра на „Сантијаго Бернабеу“. Пред почетокот на дуелот, цел стадион за последен пат се поздрави со спортската икона Коби Брајант.
Двете екипи имаа по неколку прилики во првото полувреме, меѓутоа главните улоги припаднаа на голманите Куртоа и Облак. Кралевите беа поконкретни по стартот на вторите 45 минути, па веќе по десетина минути игра го скршија отпорот на избраниците на Чоло Симеоне. Одлично проработе француската врска Менди – Бензема, а лојалната „деветка“ на домаќините од близу го совлада словенечкиот чувар на мрежата.
Ова беше натпревар од 22. коло во шпанската Ла Лига.
Благодарение на оваа победа, Реал Мадрид ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на Барселона на шест бода, но Каталонците имаат натпревар помалку.
Табела: Реал Мадрид 49 бода (22 натпревара), Барселона 43 (21), Севиља 38 (21), Хетафе 36 (21), Атлетико Мадрид 36 (22),..