– Бугарскиот тајкун Васил Божков е уапсен во Обединетите Арапски Емирати, изјави бугарскиот јавен обвинител Иван Гешев.
Тој додаде дека информаццијата за апсењето на Божков, кого Бугарија го бара поради лажирање игри на среќа, засега е неофицијална.
Пред неколку денови Обвинителството во Софија покрена истрага против Божков во врска со лажирање игри на среќа, а тој е обвинет по седум точки за криминално дело.
Списанието „Впрост” (Wprost) во 2008 година го прогласи бугарскиот олигарх и бизнисмен за најбогат Бугарин со богатство од 1,35 миијарди евра, но неофицијално се претпоставува дека неговата финансиска состојба изнесува над 6,5 милијарди евра. Божков е познат по прекарот „Череп”, а во внатрешната коресподенција на Стејт департментот е определен како „најозлогласениот криминалец во Бугарија”.
Во 1991 година Божков станува партнер во компанијата за игри на среќа Еј Џи Ем. Отвора казино во хотелот „Рила” во Софија, а во 2007 година е сосопственик на казината во „Радисон САС” и „Хемус”, како и на сали за бинго.
Во 2006 година тој го купува поранешниот Фонд за приватизација „Холдинг Патишта”. Главен акционер на „Холдинг Патишта” е „АБВ Инженеринг”, кој, пак, е сопственост на „Нова интернал”, ќерка-компанија на „Нова холдинг”, сопственост на Божков. Преку „Нова холдинг” Божков купува голем дел од регионалните државни фирми за изградба на патишта.