По алармантните бројки на жртви од Коронавирусот, гигантот Apple одлучи да ги затвори сите свои канцеларии и продажни места во Кина.
Имено, според изјавата дадена од медиумската агенција, Блумберг, компанијата одлучила да ги затвори сите продавници и канцеларии во Кина, до 9 февруари.
Откако вирусот уби повеќе од 200 луѓе, инфицираше околу 10.000 во светот, беше објавена глобална вонредна состојба, која ги ангажираше сите земји да превземат мерки на заштита, но и други мерки за да се спречи ширењето на вирусот.
Се уште не е познато дали ќе продолжат со работа и фабриките што ги произведуваат производите на Apple.