Британската полиција поднесе тужба против две лица поради кражба на дијаманти вредни повеќе од десетина милиони долари од куќата на Тамара Еклстон.
Наследничката на поранешниот извршен директор на Формула 1, Берни Еклстон, беше ограбена во декември минатата година.
Како што соопшти полицијата, Марија Местер (47) и Емил Богдан Савастру, двајцата житечи на Лондон, се обвинети за кривично дело заговор поради кражба.
Во соопштението се додава дека две други лица кои биле уапсени, се пуштени на слобода, но дека и натаму се под истрага, пренесе АП.
Полицијата наведува дека апсењата се поврзани со кражбата на семејната куќа на Еклстон, во една од најлуксузните лондонски улици во рамки на населбата Кенсингтон.
Меѓу украдените предмети се прескапи прстени, обетки, како и нараквица на Картие, која Тамара Еклстон ја добила како свадбен подарок.
Местер е уаспена вчера на лондонскиот аеродром Станстед, додека Савастру бил уапсен на аеродромот Хитроу во четвртокот. Тие денеска ќе бидат изнесени пред суд.
Лондонски „Сан“ наведува дека украдениот накит вреди околу 50 милиони фунти или 66 милиони долари.