Администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, соопшти дека ги ограничува мигрантските визи за шест земји кои не ги исполниле безбедносните стандарди.
Станува збор за Киргистан, Мјанмар, Еритреја, Нигерија, Судан и Танзанија. Граѓаните на овие држави ќе имаат нови рестрикции за добивање одредени визи за САД. Не се работи за целосна забрана како што беше случај кога Трамп воведе рестрикции за некои земји што предизвика критики ширум светот дека забраните се насочени кон муслиманите.
Ораничувањата стапуваат на сила на 21 феврури.
„Ако странска земја сака да ги користи придобивките од имиграцијата и патувањата во САД, таа мора да ги исполни основните безбедносни барања поставени од американската полиција и разузнавачи“, велат од Белата куќа.
За Киргистан, Мјанмар, Еритреја и Нигерија ќе бидат суспендирани сите имигрантски визи, односно апликации за оние кои сакаат да живеат трајно во САД.
Ограничувањата не се однесуваат на визите за привремен престој, како што се туристички престој, службени патувања или медицински патувања. Во декември лани биле издадени околу 650.760 неимигрантски визи за целиот свет и 40.666 мигрантски визи.