Денеска централниот караван на СДСМ, заедно со министерот за земјоделие, со пратениците, со сите функционери од овој Струмички регион сме денеска токму во Општина Струмица и во околните општини.
Да разговараме со земјоделците, со пазарџиите, со граѓаните се со цел да разговараме и за проблемите и за решенијата и за она што го нудиме за следниот чист мандат за новата влада предводена од СДСМ. Токму во Струмица денес ќе се одржи Централната трибина. Како дел од агендата “20-24″ на којашто ќе разговараме за идните предизвици во делот на земјоделството. Ова е дел од програмата ” План за живот” во кој што во најголем дел од мерките, политиките, она што е ветено пред граѓаните веќе е реализирано.
Затоа денес во Струмица со гордост може да го потенцираме и повториме проектот за модернизација на земјоделството. Проект на којшто СДСМ оваа Влада, министерството работеше во сите изминати месеци односно, две години интензивно се работеше да го финализираме. И пред два дена во Бордот на Светска Банка веќе е донесена одлука со којашто проектот за модернизација на земјоделството на Северна Македонија е одобрен, односно се одобруваат 46 милиони нови средства и пари за земјоделството. Од овие 46 милиони, 32 милиони евра се токму за изградба на откупно дистрибутивни центри. На тоа се потпираше и програмата и ветувањата на СДСМ за подобрување на состојбата во аграрот и за подобрување на откупот и пласманот на земјоделските производи. Еден од овие откупно дистрибутивни центри ќе се гради во Струмица и во Струмичко, односно 6,2 милиони евра се предвидени токму за откупно-дистрибутивен центар којшто ќе се гради во овој регион.
Овој регион во којшто е најзастапено градинарското производство, меѓутоа не само преку овој проект за модернизација на земјоделството којшто доаѓа како круна на политиките во овие 2,5 години. 2,5 години ги зголемуваме субвенциите, ги решаваме проблемите, ги решаваме напластените и оставени проблеми од претходната Влада на Никола Груевски, но и го модернизираме земјоделството.
Овие 2,5 години нашата земја е лидер и светол пример и во искористеноста на европските фондови. Ние сме пример за регионот, за тоа како се користат европските пари во земјоделството. Преку ИПАРД 2 програмата до денес се склучени над 1570 договори, односно се исплатени само во оваа година над 12 милиони евра, европски и национални пари само за реализација на проектите кои што се во земјоделството, а се финансираат преку ИПАРД. За само 2 години сме исплатиле 12 милиони евра.
Во претходниот период за 11 години се исплатени скоро исто средства тоа значи дека сме на прав пат, тоа значи дека во ИПАРД програмата во која што сме лидери во регионот ќе бараме дополнителни средства и од останатите земји, за прв пат оваа е прва година во којашто ниту плаќаме камати, пенали, ниту пак ги враќаме парите назад во Европскиот буџет, ова е прва година во којашто целосно ги користиме европските средства во македонското земјоделство.
Денеска во Струмица со земјоделците и граѓаните ќе разговараме и за сите други предизвици во земјоделството, на прав пат сме, ги продолжуваме политиките на враќање на партите назад кај граѓаните, ова е година каде за прв пат се спроведе мерката зелена нафта, година каде за прв пат се реализираше мерката за поврат на парите кон земјоделците преку зголемениот лимит на персоналниот данок, односно година каде земјоделците многу повеќе пари добиваат од државата.
Затоа го продолжуваме тој пат, а денеска за сите мерки и политики ќе разговараме со земјоделците од Струмица.