Уапсен скопјанец што превезувал мигранти

На 31.01.2020 во 21.10 часот во близина на паркинг „Милетково”, на автопатот Гевгелија – Демир Капија, бил лишен од слобода С.А.(25) од с.Студеничани, скопско, кој управувал патничко возило „фолксваген фејтон”, со регистарски ознаки од друго возило, бидејќи при контрола од полициски службеници во возилото биле пронајдени 14 лица-мигранти (12 од Авганистан и двајца од Сирија). С.А. и лицата-мигранти се предадени на полициски службеници од СВР Струмица за понатамошна постапка.

Треба да знаете
Последни објави