Српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ ја осови 17. гренд-слем титула со осмиот триумф на првиот сезонски турнир Австарлија опен во Мелбурн. Покрај Ѓоковиќ на новата голема победа се радуваат и тренерите од неговиот стручен шатб.
-Неверојатно ! Ја одбрани титулата. Шампион е по 8-пат ! Горд сум што сум дел од овој силен тим – порача Марјан Вајда, долгогодишниот тренер на Ноле од Словачка.
Се огласи и Хрватот Горан Иванишевиќ, кој е во тимот на старо-новиот светски рекет број еден, од турнирот во Вимблдон, објавувајќи ја на социалните мрежи истата фотографија од соблекувалната на Ноле, каде имаше победничка атмосфера.
-Браво ! Привилегиран сум што сум дел од овој тим заедно со Марјан и Улие- дополни Горан.



