Лилард постигна 51 поен против Јута

Демијан Лилард продолжи со неверојатните игри во последно време, откако изминатава вечер постигна 51 поен за победата на Портланд над Јута со 124:107.

Бекот е во неверојатна форма, откако има просек од 48,8 поени на последните 6 натпревари за „пионерите”. Тој додаде 12 асистенции за четвртиот последователен успех на неговиот тим.

Лилард постигна 9 тројки, реализирајќи најмалку 6 удари од далечина во шестиот последователен натпревар и повторно беше незапирлив за одбраната на противникот.

Јута поведе со 32:21 во првата четвртина, но до крајот на периодот водството беше скоро избришано пред домаќините да поведат во второто полувреме, а во третата четвртина, резултатот на семафорот гласеше 91:73.

На стартот од последниот период, гостите се доближија до 88-94, но 7 последователни поени на Портланд им ја врати контролата, по што „џезирите” не направија нов обид за враќање на неизвесноста и екипата доживеа четврти пораз во низа.

Трејлблејзерс ја продолжуваат борбата за 8-то место во конференцијата, со биланс 23-27, но сепак заостануваат зад Мемфис (24-25). Јута со 32-17 и на 4-то место на Западот.

Треба да знаете
Последни објави