Вардар загуби во Анталија на тестот со Борац од Бања Лука

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар на претпоследниот тест натпореавр на подготовките во Анталија против Борац од Бања Лука настапи со младински состав и доживеа пораз (2:0). За Вардар ова беше четвртиот пораз во петтиот тест на овие зимски подготовки.

Вардар прими по еден гол во двете полувремиња. Најпрво Владимир Арсиќ погодил од корнер, а потоа Александар Радуловиќ од пенал. Избраниците на тренерот Александар Васоски утре против словенечката Мура во полн состав ќе го одиграта последниот тест во Анталија пред да се вратат на 4 февруари во Скопје, каде пак ги очекува неизвеснот како и со кој спонзор ќе го продолжата првенството во кое по есенскиот дел се лидери.

Вардар претходно на овие подготовки загуби од сплитски Хајдук (1-3), Динамо Киев (0-4) и Бачка Топола (1-2), а ремизирашр со белградска Црвена звезда (0:0).

Треба да знаете
Последни објави