Дваесет и двегодишно момче од Кавадарци вчера починало, откако паднал во неговиот дом. Неговата мајка повикала Брза помош, и од страна на лекар била констатирана смрт, без траги на насилство.
Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од Полициската станица Кавадарци и Јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено на обдукција.



