Референдумот во Дојран за јавно-приватно партнерство во услугите за водовод и канализација не помина

Граѓаните на општина Дојран на денешниот референдум гласаа против тоа општината да склучи договор за јавно-приватно партнерство со ново комунално претпријатие кое требаше да стопанисува со услугите за водовод и канализација во наредните 30 години.

На гласањето излегле 53 отсто од запишаните 2.750 граѓани со право на глас. Повеќе од половината од излезените биле против склучување договор за јавно-приватно партнерство. Граѓаните гласале на осум избирачки места во општината.

Подобрувањето на водоводната и канализациската мрежа останува да биде задача на општината со буџетот со кој располага. Планот за јавно-приватно партнерство подразбираше инвестиција на приватниот партнер во водоводна и канализациска мрежа од 8,1 милиони евра за 3 години и стопанисување со комуналните услуги во наредните 30 години.

Треба да знаете
Последни објави