Тухел по инцидентот со Мбапе: Јас сум тренерот, не играме тенис

Мбапе јавно го искажа своето незадоволство откако Томас Тухел го извади од игра на вечерашната средба против Монпеље, која ПСЖ ја доби со убедливи 5-0.

По овој дуел тренерот на францускиот првак не криеше дека е тажен поради лошото однесување на младиот фудбалер, но и испрати порака.

-Јас сум тренерот, мора некој да одлучи кој ќе влезе и кој ќе излезе, тоа сум јас. Мбапе е многу интелигентен, тој знае што прави. Не сака да биде заменет, никој не сака да излегува. Овие не се добри слики, но ние не сме единствениот клуб што треба да се справи со овој вид на работи. Не е добро, затоа што отвора предмети што одат против умот на тимот. Штета. Не сум лут, но тажен сум затоа што не е потребно. Му објаснив зошто тоа го направив и ќе остане на тој начин. Јас секогаш ќе одлучувам за техничките аспекти. Не играме тенис, играме фудбал и треба сите да ги почитуваме, -истакна Тухел.

Тој најави дека размислува за тоа дали Мбапе треба да добие казна.

-Не знам, морам да размислувам, морам да спијам. Утре ќе донесам одлука. Имаме тренинг во 11 часот. Ќе разговараме за натпреварот со групата. Ќе видам дали ќе зборувам за ова или тоа ќе го сторам индивидуално. Тоа ќе зависи и од мојот ноќен сон, -дополни германскиот стручњак.

Треба да знаете
Последни објави