Стразбур: Нема забрана за спроведување на законот за слобода на вероисповед во Црна Гора

Европскиот суд за човекови права го одби брањето на адвокатската канцеларија Радиќ од Белград, во врска со забраната за законот за слобода на вероисповед, пренесуваат српските медиуми.

Адвокатската канцеларија барала да се забрани спроведувањето на законот за слобода на вероисповед до донесување на одлуката на Уставниот суд за уставност на законот или до заклучување на темелниот договор со Српската православна црква, соопшти Владата на Црна Гора.

Адвокатската канцеларија Радиќ од Белград на 27 и 30 јануари 2020 година поднесе иницијатива до Европскиот суд за издавање привремени мерки со кои би им се забранило на органите на Црна Гора да го спроведат законот за слобода на вероисповед, до донесување на одлуката на Уставниот суд на Црна Гора по поднесената иницијатива за оценка на уставноста и законитоста или до заклучување на темелниот договор меѓу СПЦ и државата Црна Гора.

Треба да знаете
Последни објави