Тотенхем му го нанесе шестиот пораз на Сити сезонава

Екипата на Тотенхем го совлада Манчестер сити со 2:0 вечерва во дербито на 25. коло од англиската фудбалска Премиер лигата. Стрелци на головите за домаќините беа Стефан Бергвајн и Сонг Хин Мин.

Во 60. минута дефанзивецот на Сити, Александар Цинченко беше исклучен поради втор жолт картон.

За Манчестер сити кој е бранител на шампионската титула ова беше шести пораз сезонава по што заостанувањето зад лидерот Ливерпул е 22 бода.

Тотенхем се искачи на петтото место.

Табела: Ливерпул 73 бода, Манчестер сити 51, Лестер 49, Челзи 41, Тотенхем 37, Шефилд 36,…

Треба да знаете
Последни објави