Ал Пачино падна на црвениот килим

Актерот Ал Пачино (78) се појави на доделувањето на наградите БАФТА во друштво на неговата израелска колешка и пејачка Меитал Дохан (39), со која е во врска од септември минатата година.

Токму таа го „спасила“ Пачино кога качувајќи се по скалите се сопнал на црвениот килим и паднал на нос. Двојно помладата девојка му подала рака, а и други колеги му помогнале на актерот да застане на нозе.

Озборувањата за врската помеѓу Меитал и Пачино започнаа да кружат минатиот септември.

„Отпрвин се трудеа нивната врска да остане приватна, но сега веќе не се обидуваат да ја чуваат во тајност“, изјавил пријател на Пачино.

Треба да знаете
Последни објави