Тренерот на актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по поразот од Тотенхем (0:2) во 25. коло изјави дека се повлекува од борбата за одбрана на титулата.
– Шампионската титула ја загубивме. Ние сме премногу далеку од таа трка. Ливерпул не може да биде запрен, тој има премногу бодови. Време е да се фокусираме на играње во други натпреварувања и да се квалификуваме во Лигата на шампионите за следната сезона, изјави Гвардиола.
По 25 рунди во Премиер лигата, Ливерпул е прв со 73 бода, пред Сити кој има 51.