Иран повеќе нема да ги споделува доказите собрани во истрагата за несреќата на украинскиот авион со Украина, откако украинските медиуми објавија аудио-снимка од истрагата, изјави денеска вршителот на должноста директор за истраги во Организацијата за цивилно воздухопловство Хасан Резифар.
Аудио – снимката беше доказ даден на украинските експерти како дел од заедничката истрага за несреќата.
– Тимот за техничка истрага на несреќата на украинска авиокомпанија направи чуден потег со објавување на тајната аудио снимка на која е комуникација на ирански пилот кој летал во исто време со украинскиот авион со контролниот центар, рече Резифар, посочувајќи дека објавувањето на снимката е непрофесионално бидејќи е доверлив документ.
Украинскиот авион се урна на 8 јануари, веднаш по полетувањето од аеродромот во Техеран и притоа загинаа сите 176 патници.