Кејт Мидлтон на црвениот килим се појави во фустан стар 8 години

На церемонијата на доделување награди на Британската филмска академија БАФТА во Лондон се појавиле принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон, која го испочитувала дрескодот на вечерта – еколошка одржливост.

Кејт на настанот се појавила во фустан стар 8 години, што специјално за неа го дизајнирал починатиот Александар Меквин во 2012 година.

Прекрасниот бел фустан со златен вез во форма на цвеќе хибискус, војвотката го комбинирала со чевли од Џими Чу и чантиче во златна боја.

Таа го облекла фустанот за прв пат на национална вечера во Малезија во 2012 година, а ни тогаш не погрешила затоа што хибискусот е национален цвет на Малезија.

Треба да знаете
Последни објави