Нема докази дека инцидентот во Гент е терористички напад

Обвинителите во белгиската провинција Источна Фландрија соопштија денеска дека нема докази оти неодамнешниот инцидент во градот Гент е терористички напад, пренесува РТЛ.

Според нив, засега нема индикации дека инцидентот со прободување во Гент е од терористичка природа. Обвинителството досега не даде дополнителни детали за ова прашање, додаде радиодифузерот.

Во неделата вечерта, по нападот со прободување во јужен Лондон, во кој беа повредени неколку лица, а напаѓачот застрелан од полицијата, две лица биле прободени со нож и во белгиски Гент. Обвинителството на Источна Фландрија заедно со полицијата во земјата почна истрага за инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави