Американскиот државен секретар Мајк Помпео објави дека САД ќе испратат повеќе летови кон Кина за да ги вратат граѓаните на земјата од провинцијата Хубеи.
„Ние сè уште го координираме точното време на испраќање со кинеската влада. Очекуваме дека ова ќе се случи во наредните неколку дена и ќе ги вратиме американските граѓани. Можеби ќе вратиме и некои граѓани на други земји. Ние работиме на тоа“, рече Помпео за време на посетата на Узбекистан, пренесува АП.
Тој исто така додаде дека САД планираат да испратат медицинска помош во Кина.
„Ние соработуваме тесно со кинеската влада и ќе се обидеме да го решиме овој светски епидемиолошки предизвик“, рече Помпео.
Американските граѓани кои престојувале во Хубеи по нивното враќање во САД, ќе бидат ставени во привремен двонеделен карантин.