Интегрален текст од прес конференцијата на Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
„Дојдовме пред министерството за финансии со 30 Прашања за Нина Ангеловска на кои што досега нема одговор.
- За колку стотици милиони евра ја задолживте Македонија од кога сте министер за финансии?
- Како ја доведoвте Македонија до најмал економски раст во регионот?
- Зошто се плашите да и’ доставите податоци, побарани од заменик министерката, Гордана Димитриеска Кочоска?
- Колку денови во јануари бевте на платени службени патувања?
- Дали е вистина дека сте се налутиле на ММФ, на Светска Банка и на Европската Комисија што ви предвиделе помал раст од вашата проекција?
- Набројте три причини зошто водите нетранспарентна политика кон граѓаните?
- Знаете ли дека индустриското производство е во пад?
- Ќе ја терате ли до крај војната со приватниот сектор во Република Македонија?
- Како тоа капиталните инвестиции се ниски, а тековните трошоци зголемени?
- Каде е економскиот раст од 5% што го ветувавте?
- Со ваков раст, европскиот просек ќе го постигнеме: за 100 или за 150 години?
- Набројте 5 од вашите лоши политики, заради кои половина милион Македонци живеат на работ на сиромаштија?
- Нивото на странски инвестиции е најниско до сега, но можете ли уште пониско?
- Лично ваша ли е политиката „задолжи ја државата што е можно повеќе“?
- Каде завршуваат позајмените милионите евра од задолжувањата, ако нема ниеден проект?
- Горди ли сте што заради неискуството во економијата и финансиите, ја уназадивте Македонија најмалку 10 години?
- Кој ве учи да не поднесувате оставка и до крај да ве запаметат дека не ве бива?
- Го проширивте ли вашиот бизнис откако се нафативте на министерска позиција?
- Дали е точно дека во вашата фирма сте исплаќале 200 евра плата на ИТ инженерите, а остатокот сте им го плаќале на рака?
- Знаете ли дека профитите на македонските компании се намалени и затоа стотина ИТ и други компании се иселија од Македонија?
- Колку точно млади избркавте од Македонија со вашите лоши политики?
- Ќе поднесете ли одговорност по аферата за игри на среќа на вашата компанија, спротивно на законите за наградни игри?
- Знаете ли дека со незаконска игра на среќа – сторено е и кривично дело „перење на пари“?
- Дали навистина брендот на вашата фирма е плагијат на американската компанија „Групон“?
- Како сивата економија достигна 40%, кога лани според Светска Банка беше 25%?
- Дали сте слеп послушник на катастрофалните политики на Зоран Заев?
- Дали вршите поткуп на гласачи пред изборите со 6 илјади нови вработувања во администрацијата?
- Нормално ли е во министерството да немате евиденција за согласности за вработувања и ангажирања?
- Вистина ли испорачувате се што ќе ви побара Зоран Заев, без проверка дали е тоа добро за граѓаните и за економијата?
- Со кое лице ќе се појавите пред граѓаните откако нема повеќе да бидете министер на 12-ти април?
Ова се точно 30 прашања на кои Нина Ангеловска нема одговори. Треба да одговори, а ќе се прифати доколку место нејзе одговори и Коста Петров!