– Стабилното време со релативно високи температури за овој период од годината ќе трае до утре попладне од кога се очекува промена на времето со засилен ветер и значително опаѓање на температурата.
Синоптичарите за денеска најавуваат максимална температура во интервал од 12 до 18 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер со променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 13-тиот степен.
Утринава најстудено е во Берово каде се измерени -3 степени, а еден под нулата е измерен во Петровец. Во останатите градови низ државата утринските температури се над нулата. Најтопло е во Дојран каде се измерени 6 степени, а топло е и во Маврово, Крушево, Битола и Виница каде се изремени 4 степени.
Снег, според Управата за хидрометеоролошки работи, има само на Попова Шапка каде висината на снежната покривка изнесува само пет сантиметри.