Сенечкиот фудбалски голман Самир Хандановиќ заработил скршеница на прстот од шаката на еден од последните тренинзи поради што Интер остана без услугите на својот прв чувар на мрежата на мечот од 22. коло со Удинезе кој го доби со 2:0 како гостин. Словенецот не беше ниту на клупата за резерви, а весникот „Кориере дело спорт“ тврди дека повредата не е наивна. Лекарите препорачале пауза од дваесетина дена. Хандановиќ по 97 натпревари во низа во Серија А не се појави на голот на Интер. Последен пат пропушти натпревар во Серија А, во мај 2017 година и тоа пак против Удинезе.
Ако се обистинат најавите тренерот Антонио Конте ќе го нема искусниот голман на располагање на мечевите со градскиот ривал Милан, Лацио и со Сампдорија, како и за првиот дуел од нокаут фазата во Лига Европа со бугарскиот Лудогорец. Највите се дека Хандановиќ ќе се врати во тимот пред големото дерби со Јувентус закажано за 1 март.
Интер е второпласиран на табелата во Калчо-лигата, со три бода заостанување зад лидерот Јувентус и два бода предност во однос на третопласираниот Лацио. Во следното коло „нероаѕурите“ го играат градското дерби со Милан, Јувентус гостува во Верона, а Лацио ќе биде гостин на Парма.