Четири турски војници загинаа и деветмина се ранети во судири со сириските владини сили во Идлиб во Сирија, јави телевизијата НТВ. Еден од ранетите е во критична состојба.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека ако ситуацијата во Идлиб не се номализира, Анкара е подготвена за преземање на сите неопходни чекори за користење воена сила.
Во согласност со Договор од мај 2017 година меѓу Русија, Иран и Турција во Сирија беа формирани четири зони за деескалација. Територија на три од нив во 208 година е веќе под контрола на Дамаск. Четвртата зона во провинцијата Идлиб е делови од соседните се уште не се под владините сили. Во септември 2018 година, Русија и Турција се договорија да формираат демилитаризирана зона во Идлиб каде има голем број различни воени формации.