Ѓорѓиевски: Напаѓачот на полицаец во Велес бил амнестиран од Заев со 800 ослободени криминалци од затворите

Интегрален текст од прес конференција на Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
„Граѓаните и полициските службеници ја плаќаат сметката за коалицијата помеѓу Зоран Заев и подземјето во Република Македонија. Вчера беше стрелано кон полицаец на должност во Велес од лице кое било дел од ослободените криминалци со Законот за амнестија кој што го донесе СДСМ пред две години. Да потсетиме тогаш СДСМ ослободи 800 криминалци од затворите и со тоа директно ја загрози безбедноста на нашите граѓани, а сега со последниот случај ја гледаме дека ја загрозил и безбедноста на полициските службеници.

Ние и тогаш и сега велиме дека ослободувањето на 800 криминалци е резултат на предизборната коалиција на Заев со криминално мафијашките структури во нашата земја. Данокот, за жал го плаќаме сите ние. Тогаш Оливер Спасовски и Заев ги празнеа затворите, ама затоа ги наполнија улиците со криминалци кои ограбуваат домови на граѓани, банки, обложувалници, аптеки, но и пукаат кон недолжни граѓани и полициски службеници.

Благодарение на Зоран Заев и Оливер Спасовски криминалот во Република Македонија царува, а криминалците кои добија ослободување сега се уште поосоколени да дивеат, бидејќи врвот на СДСМ им е директен заштитник.

Овој случај од Велес покажува дека повторно во пресрет на изборите во април, криминалците се охрабруваат од некој политички моќници, за потоа тие да одработуваат во кампањата и тоа директно за СДСМ. Ваквото неодговорно и антидржавно однесување на СДСМ, Заев и Спасовски ќе ги чини многу нашите граѓани, а ќе ја чини и Република Македонија. Одговорност за нив мора да има.“

             

 

Треба да знаете
Последни објави