Македонскиот, регионалниот и европскиот ракометен шампион, Вардар в среда продолжува со обврските од групната фаза во елитното натпреварување Лигата на шампионите. Првиот предизвик по зимската пауза за „црвено-црните“ кои во меѓувреме добија и нов тренер, Стевче Алушовски, е гостувањето кај германскиот Кил.
Вардар за Германија каде домаќинот е фаворит, а тоа го покажа и во првата пресметка во Скопје која ја доби со убедливи 31:20, ќе замине без Данил Шишкарев кој има здравствени проблеми. Но, во тимот ќе биде Бразилецот Жозе Де Толедо кој се повреди уште на стартот од новата сезона и подолг период се рехабилитираше. Според тренерот Алушовски, бразилскиот интеранционалец Де Толедо ќе има ограничена минутажа против Кил.
Во пресрет на првиот натпревар во новата година Вардар имаше два домашни контролни меча и забележа победи против Еурофарм Пелистер и Металург. Покрај пресметката со Кил, за Вардар од групната фаза остануваат да ги одработи и дуелите со Мотор Запорожје, Порто и со Монпелје. Првиот натпреварот од ЛШ пред своите гледачи Вардар ќе го има со Мотор, кој е закажан за 15 февруари во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 17:30 часот. За овој натпреавр вардар веќе ги пушти во продажба билетите.
Вардар има обезбедено настап во нокаут фазата од ЛШ. Вардар во осминафиналето ќе влезе како како шестопласиран на табелата со биланс од четири победи, едно реми и пет порази.