Гостиварец ѝ вперил пиштол во глава на поранешната сопруга, па и го демолирал автомобилот

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против В.Д.(28) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство”.

Според МВР, на 12.01.2020 пред угостителски објект на ул.„Илинденска” во Гостивар, пријавениот со возило ја следел неговата поранешна сопруга, која, исто така, била со возило. Откако таа застанала, тој излегол и почнал да удира по возилото, а си вперил и пиштол во неговата глава.

Од МВР информираат за сличен инциден.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Ш.(28) од с.Липково, општина Липково, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста”. Пријавениот, во 2019 година телефонски упатувал закани по животот на 21-годишна девојка од Куманово, поради тоа што не сакала да ја продолжи врската со него.

 

Треба да знаете
Последни објави