Неодговорното однесување на режимот на ВМРО-ДПМНЕ со години го поттикнуваше загадувањето, го менуваме системот за управување со отпадот, рече портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
Тој нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ 11 години ги уништувале природата и здравјето на граѓаните преку сомнителното управување со депонијата Дрисла, која повторно е под владение на Град Скопје.
„Со нелегалното издавање дозволи за управување со отпад, несоодветното складирање и уништување на медицински отпад, нерегулирани правила за увоз и дистрибуција на опасен отпад, непостоење на никакви казниви механизми ВМРО-ДПМНЕ дирекеттно го поттикнуваше загадувањето“, рече Костадинов.
Според него, неопходни се итни законски решенија кои ќе воспостават контрола и строг инспекциски надзор. Оттаму и потребата од измени во Законот за управување со отпад, пред се во делот на увозот на опасен отпад, но и во другите сегменти каде што бил наследен хаос и каде што состојбата е алармантна.
„Обезбедувањето на здрава животна средина е цел концепт кој ние веќе две години го воведуваме. Го менуваме целиот систем за управување со отпад, системот со дозволи и контролните механизми. Мораме да смениме се што беше правило и пракса за време на владеењето ВМРО ДПМНЕ а кое преку тоа владеење ја загрозуваше живтоната средина. Ние, за разлика од режимот на ВМРО ДПМНЕ навистина се грижиме за животот и здравјето на граѓаните преку системски решенија. Тоа уште поинтензинвно ќе го правиме и по победата на 12 април“, рече Костадинов.