Движењето за чист воздух најавува блокади против големите загадувачи во Скопје

Движењето за чист воздух најавува блокада против големите загадувачи во среда, 5 феваруари во 12.05 часот пред Цементарница Скопје.

„Времето не’ гази, а воздухот и понатаму ги зема здивот и животот на нашите деца. Немаме време за чекање. Заеднички да го покажеме нашиот револт поради загрозувањето на нашето здравје.Доста е! Се здруживме и одлучивме да кажеме НЕ. Министерството за животна средина од 2016. година ги чува во фиока, усвојувањето на ЕУ директивите, IED и WI, директиви кои се однесуваат на повеќе индустриски гранки.

Бидејќи автоматски мониторинг не се прави, туку се користи како манипулација, ние од иницијативата Движење за чист воздух се решивме на отпор против најголемите загадувачи, трујачи на животната околина.Со протест покажуваме само собир на истомисленици, со блокада на Цементарницата покажуваме отпор спрема политиката на молк и бизнис на штета на нашето здравје“, се вели во повикот.

Треба да знаете
Последни објави