– Српскиот член на претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави денеска дека не дал согласност за посетата на црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ на БиХ.
– Имајќи ги предвид случувањата во Црна Гора, мислам дека треба да почекаме со тоа, им рече Додик пред новинарите по седнициата на Претседателството на БиХ во Сараево, пренесува РТРС.
Тој додаде дека на седницата се разговарало за неколку технички прашања – договори и кредитни аранжмани за неколку општини во земјата.