„Епл“ привремено ги затвора продавниците во Кина

Компанијата „Епл“ привремено ќе ги затвори продавниците и контакт – центрите во Кина, поради претпазливост од ширењето на коронавирусот.Продавниците ќе бидат затворени до 9 февруари.

„Нашите мисли се со луѓе кои се погодени од коронавирусот и оние кои работат деноноќно за да се борат против неговото ширење“, се вели во соопштението на компанијата.

Интернет продавницата на компанијата ќе работи без проблеми.Кина е трет по големина пазар за „Епл“ по САД и Европа, како и локацијата каде се направени повеќето ајфони и други уреди.

Треба да знаете
Последни објави