Заев: Ако нема Закон за ЈО, Собранието нема да се распушти

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска рече дека доколку не се донесе Законот за ЈО, Собранието на Македонија нема да се распушти.

-За мене е многу важно да се гласа за законот во парламентот и притоа тој може да се донесе или да не се донесе. А на 12 февруари тој треба да се распушти. Но, доколку опозицијата се обидува да го минира или да го блокира гласањето за него, тогаш нормално дека парламентот нема да се распушти сè додека не заврши процесот на изјаснување и по законот за ЈО и за Протоколот за НАТО или за законот за одбрана и сличните закони, рече Заев.

Според него, разговорите мора да продолжат и да се донесе решение, бидејќи законот има исклучителна важност.

Христијан Мицкоски, пак, денеска на Фејсбук напиша дека за ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се робува на суетата на одредени министри и стравот на Заев од одговорност, е прифатливо законско решение кое ќе го изработат и ќе произлезе од самата експертска јавност која беше вклучена во јавната дебата за законот за јавното обвинителство.

Треба да знаете
Последни објави