За два и пол часа казнети 160 возачи во центарот на Милано

Италијанската полиција казни 162 возачи за помалку од три часа поради игнорирање на забраната за возење во центарот на Милано.

Оваа привремена забрана стапила на сила вчера во 10 часот по полноќ и траела до вечер, со цел да се намали проблемот со смогот во градот.

За само два и пол часа, полицијата казнила 162 возачи кои морале да платат по 164 евра за кршење на забраната.

Милано беше прогласен за најзагаден град во Европа во 2008 година, а смогот сè уште е постојан проблем.

Локалните медиуми објавија дека вчерашниот ден бил прогласен за ден на неделна прошетка и дека возењето било забрането. Електричните возила и лицата со посебни потреби биле исклучени од забраната.

Треба да знаете
Последни објави