Екипата на Канзас сити е нов НФЛ шампион, откако ноќеска во борбата за титулата го победи Сан Франциско со 31:20.
За Канзас сити ова е втор шампионски трофеј од Супер боул и прв по пауза од 50 години.
До триумфот „Чифс” дојдоа со голем пресврт и серија од 21:0 по што негативата од 10:20 ја претворија во позитива.
Со по шест шампионски трофеи најуспешни клубови во историјата на НФЛ лигата се Питсбург и Њу-Ингланд.