Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска отпатува во дводневна посета на Германија, каде што ќе се сретне со германската колешка Ангела Меркел.
Во фокусот на разговорите ќе биде ЕУ.
Како што е најавено во Виена, Курц ќе се сретне и со шефицата на владејачката ЦДУ Анегрет Крамп Каренбауер и претседателот на Германија Франк Валтер Штајнмаер.
– Германија е нашиот најголем сосед, нашиот најважен трговски партнер и значајна членка на ЕУ, порача Курц во пресрет на патувањето.
Тој истакна дека во интерес на Австрија е да има што поблиски и поредовни контакти со Германија.