Шејн Ларкин е прогласен за МВП во кошаркарската Евролига за месец јануари. Кошаркарот на Анадолу Ефес беше најкорисен играч во четири кола во минатиот месец и благодарение на неговите игри, екипата забележа победи во сите шест одиграни меча.
Американскиот кошаркар, кој неодамна соопшти дека ја прифатил понудата за настап за репрезентацијата на Турција, во јануари бележеше просек од 25,5 поени и 4,5 асистенции по натпревар и имаше индекс на корисност од 33.
Ларкин беше МВП и во ноември што го прави само втор играч во историјата на натпреварувањето со две вакви признанија во една сезона. Пред него, тоа му успеа на членот на Барселона, Анте Томиќ во февруари и во март во 2014 година.