Актелниот европски и светски фудбалски првак Ливерпул е на вистинскиот пат по 30 години пауза да стане англиски шампион, но и најдоминтниот тим во елитното натпреаврување на Островот. Од коло в коло „црвените“ од Енфилд редат само победи. Со триумфот над Саутемптон (4:0), во 25. коло „црвените“ наредија 15. триумфи во низа.
Благодарение на победата на Тотенхем над актуелниот шампион Манчестер сити, Ливерпул по 25. одиграни кола има 22 бода повеќе од „граѓаните“, што е најголема разлика помеѓу првиот и вториот тим во историјата на Премиер лигата.
Манчестер сити е шампиони во премиерлигашката конкуренција во последните две сезони, но избраниците на тренерот Јирген Клоп се 42 натпревари без пораз и се блиску до рекордот на Арсенал од 49 натпреварот без пораз во сезоната 2003/2004.
Ливерпул почнувајќи од март минатата сезона, од можни 102 бода има освоени неверојатни 100 бода.