Францускиот претседател Емануел Макрон им порача на полскиот претседател Анджеј Дуда и на премиерот Матеуш Моравјецки дека Франција не е ниту проруска ниту антируска земја, туку едноставно е проевропска земја.
Говорејќи за време на неговата прва посета на Полска откога стана претседател, Макрон рече дека се надева дека полскиот народ ѝ верува на Европа дека ќе ги заштити ако бидат нападнати и дека европските држави мора да бидат непоколебливи со Русија, објави „Ројтерс“.
„Ние мора да изискуваме во нашиот политички дијалог со Русија“, рече Макрон на прес-конференцијата во Варшава.