Мицкоски: Да не се заглавува во стравот на Заев од одговорност, ВМРО-ДПМНЕ  бара експертите да предложат закон за  Јавно Обвинителство

Обвинителството молчи за крупни случаи кои се поврзуваат со криминал, додека власта пробува да турка закон пред изборите, чиј вистински интерес е да се заштити по изборите од одговорност, пишува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на Фејсбук.

-И одново власта ја турка земјава во слепа улица, со цел да не дозволи решение кои ќе донесе независно обвинителство кое не само што нема да молчи туку ќе биде главната острица во борбата против криминалот. И сиот лажен наратив на власта за мотивите на опозицијата пропадна бидејќи дека на маса имаме лошо законско решение го потврдија и самите експерти и професори на правниот факултет. Борбата против криминалот не смее да дозволиме да биде заглавена помеѓу суетите на пар министри и стравот на поранешниот премиер Заев дека ќе мора да се соочи со одговорност.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/posts/1459964617512326

Потребно е квалитетно законско решение а не онакво какво што власта турка на мала врата на само недела ипол пред распуштање на Парламентот. Затоа за ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се робува на суетата на одредени министри и стравот на Заев од одговорност, е прифатливо законско решение кое ќе го изработат и ќе произлезе од самата експертска јавност која беше вклучена во јавната дебата за законот за јавното обвинителство. Да дадеме шанса на професионализмот , знаењето и искуството на експертите и професорите, што ќе биде база за понатамошно усогласување. Да не креираме законско решение за заштита на партиските интереси на поединци, туку решение предложено од експерти кое ќе биде прифатливо за Собранието, вели Мицкоски.

Треба да знаете
Последни објави