Петтиот брак на Памела Андерсон траеше 12 денови

Ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“ Памела Андерсон пред 12 дена се омажи за филмскиот продуцент Џон Питерс. На актерката ова ѝ бил петти брак, а странските медиуми наведуваат дека веќе се развела.

Памела и Џон наводно се венчале во тајност на 20 јануари, а во брак издржале само 12 денови.

Памела се огласи на Твитер со порака за сите жени.

„Не постои книга со правила како треба да изгледаат силните жени. Кај некои тоа е нивниот отпор, за некои омилениот интезивно црвен кармин, кај други е успех во работата од соништата, а има и такви што ужуваат во мирен живот. Затоа, сите вие снажни жени, немојте да дозволите светот да дефинира како треба да изгледа моќта,“ порача Памела.

„Ќе ви бидеме многу благодарни за вашата поддршка, бидејќи се разделуваме за да процениме што сакаме од животот и еден од друг“, вели Памела.

Памела и Џон биле во врска пред 30 години, а повторно запловиле во романса кон крајот на минатата година.

„Тие си припаѓаат еден на друг. Убава холивудска романса,“ странските таблоиди цитираат извор близок до двојката.

Според сознанијата на The Hollywood Reporter, 52-годишната актерка и 74-годишниот продуцент се венчале на приватна церемонија во Малибу на 20-ти јануари годинава, но нивниот брак не бил официјално регистриран.

 

Треба да знаете
Последни објави