Полицијата во Словенија започнала предупредувачки штрајк, што влијаело да се забави сообраќајот, особено на граничните премини.
Како што било најавено, штрајкот ќе трае од 8 до 12 часа, а поради штрајкот се формирале колони од камиони на граничните премини Брегана-Обрежје и Грушковје-Мацељ, каде што се чека повеќе од два часа, пренесува загрепски „Индекс“.
Полицијата започнала штрајк поради неисполнетите ветувања на владата за зголемување на платите и другите услови, меѓу кои и платена работа во трета смена.