Одговорноста за носењето на законот за Јавно обвинителство ја имаат сите пратеници, независно на која политичка партија припаѓаат. Станува збор за национални интереси, членство во ЕУ. Преку дијалог треба да се дојде до мнозинство. Иделано би било сите политички партии преку своите забелешки кои ги имаат да ги кажат и да се донесат законските решенија. Лично имам поголем скептицизам кон ВМРО-ДПМНЕ. Во оваа партија криминалниот и бизнис интересот се во прв план наспроти националните интереси. Позадината на целото опструирање е како предметите од СЈО со решение да бидат затворени, тоа не е возможно, изјави премиерот на техничката влада Оливер Спасовски.
-Системот е разуршен во времето на Груевски и тој систем не се консолидира лесно. Во тој систем ако имате напад врз полицајци и немате ниту еден однесен во притвор кој го извршил нападот, за што станува збор. Позициите не треба да се приближат, треба да се создадат услови во кои ќе се знае кој што треба да прави. Има мотив од страна на обвинителите да има одредена промена. Разореноста на системот во изминатите 11 години во МВР, судството и обвинителството создава потешкотии во носењето на новиот закон за ЈО, вели Спасовски.
Премиерот на Република Северна Македонија додава дека законот за ЈО не е услов, но е важен за да се даде позитивен аргумент во однос на добивањето датум за преговори.
-Доколку не се затворат овие прашања тогаш ќе седнеме и ќе разговараме. Сепак голем оптимист сум дека ќе има консензус како за законот за ЈО така и за останатите. Непостигнувањето ќе донесе разочарување, на влезот во ЕУ се работи 28 години и сето тоа како цена го плаќаат граѓаните. Законот за ЈО не е услов, но важно е да дадеме што повеќе позитивни аргументи, во однос на реформите, за да бидеме во подобра позиција, рече Спасовски.
Покрај се, Спасовски вели дека очекува да има консензус за законот и да има избори на 12 април.
Очекувам да има избори на 12 април, сепак мора да има косензус за законот за ЈО. Очекувам пратениците да бидат на висина на одговорноста која ја имаат пред граѓаните и државата дека низ еден договор може да се постигне тоа. Разговраат пратеничките групи и се создава простор.