Одоговарајќи на прашања на новинари на „жешкото столче“ на Топ Тема на ТВ Телма во врска со бавноста на реформите во институциите и превосудството, премиерот Спасовски истакна дека системот бил разоруван 11 години, и сподели примери за тоа како функциоинираат опструкциите на реформите од страна на режимските инсталации на Груевски. „Тој систем беше разорен во изминатите 11 години во режимот на Никола Груевски и тој систем не се консолидира така едноставно и лесно. Ако ви кажам еве еден пример, во сите 4 години додека јас сум имал пристап во МВР ако имате напад на полицајци и во ниту еден случај нема покренато ниедна постапка и не е однесен во притвор ниту еден којшто ги нападнал полицајците, за што станува збор? Или ако имате систем во којшто 36,7 луѓе од поранешната власт за којшто имаше издадено налог за апсење ќе ги апси МВР, ќе ги носат во суд и на истото тоа обвинителство ќе се даде предлог да одат во домашен притвор, да се бранат со мерки на претпазливост итн, итн.. Не ви личи тоа на разорен систем? Или ќе фатите пироман како ја пали шумата во близина на Валандово или Прилеп и обвинителот ќе ги рече за ова ќе одите во редовна постапка, нема притвор.“, истакна Спасовски на Топ тема.