Томас поради срцеви проблеми и кажува збогум на играчката кариера

Ракометарот на Барселона и поранешен репрезентативец на Шпанија  Виктор Томас ќе ја одигра оваа сезона и ќе и каже збогум на играчката кариера. Искусното 35-годишното крило Томас има здравствени проблеми со срцето поради што мора да престане со активното играње на ракомет.

-Морам да ги споделем лошите вести. Медицинската екипа ми пронајде симптоми на срцеви проблеми, кои би се влошиле доколку продолжам активно да спортувам. Поради тоа сум принуден да го најавам моето повлекување од професионалниот ракомет на крајот на сезоната, изјави Томас.

Капитенот на Барелона, Томас е еден од најуспешните ракометари во Европа. Со Барселона има освоени 11 титули во шпанската АСОБАЛ лига, три трофеи во Лигата на шампионите, како и десет во Купот на Кралот. Со шпанската репрезентација за која настапи на 176 меча се закити со златен медал на Светскиот шампионат во 2013 година, бронзен на Олимписките игри во 2008 година, како и по еден бронзен и сребрен на Европските првенства во 2014 и 2016 година.

Треба да знаете
Последни објави