Шапуриќ: Откупени се 24 800 тони тутун по цена од 221 денар, досега имало три жалби на тутунарите од кои две се прифатени

Досега во земјава се откупени 24 800 тони тутун што е 93 отсто, по просечна цена од 221 денар за килограм откупен тутун, информира директорот на државниот инспекторат Зоран Шапуриќ.

Според Шапуриќ, од почетокот на откупот имало три жалби до комисијата од тутунарите од кои две се прифатени, а деновиве во Прилепско контролите на пунктовите не покажале забелешки.

-Од почетокот на откупот до комисијата има поднесено три жалби од тутунопроизводителите, од кои две се прифатени. Инаку од петокот, саботата и денеска во Пелагониско инспекторатот направи контрола на 49 откупни пункта и нема забелешки, изјави Шапуриќ.

Инспекторатот е категоричен дека нема увоз на тутун, а пунктовите во Долненско се отворени, но слабо се носи тутун.

-Нема никаков увоз на тутун, тоа категорично го тврдим. Пунктовите во Долненските села Дебреште, Житоше, Црнилиште денес се сите отворени, но слабо се носи тутун, рече директорот на Инспекторатот Зоран Шапуриќ.

Треба да знаете
Последни објави