Џејмс Бонд се врати по 25-ти пат! Крег во акција на полувремето на „Супер боул“

Метро-Голдвин-Маер”(МГМ) и Еон Продукција дебитираа нов возбудлив трејлер за 25-тиот филм Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ на полувремето на „Супер боул“ во неделата вечерта.

Во 30-секундниот телевизиски спот, 007 (Даниел Крег) е во уникатен авион со крила на склопување.

Спотот почнува со тоа што Бонд ја прашува Номи (Лашана Линч) дали таа некогаш била во вакво летало пред тоа, и таа кратко одговара „не“.

Aвионот одлетува од задниот дел на друг авион, а крилјата, претходно склопени, се отвараат и тој полетува оддалечувајќи се од авионот-писта.

Најновиот трејлер вклучува сцени од претходните и веќе видени трејлери, како на пример сцената во која Бонд зграпчува јаже и скокнува од мост.

Тој потоа го вози неговиот сребрен автомобил „Астон Мартин“, опремен со митралези кои излегуваат од фаровите, и пука во своите непријатели.

 

Треба да знаете
Последни објави